Некогашните вардарки Лекиќ и Цвијиќ кажаа – доста е!

Некогашниот двоец од Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, во иднина нема да бидат дел од националниот тим на Србија.

Покрај Лекиќ и Цвијиќ, и третата ракометарка на Крим од Србија, Катарина Крпеж, заврши со настапите за репрезентацијата.

Србија ја чекаат квалификациски дуели со Турција и Исланд за пласман на ЕП 2022 година во Македонија, Словенија и Црна Гора.

„Радосављевиќ се опоравува од повреда, на рехабилитација е. Со Андреа Лекиќ имав разговор и таа ми кажа дека нема повеќе да игра за националниот тим, а Драгана Цвијиќ исто така се прости од репрезентацијата. Лавко се враќа после повредата, додека Крпеж повеќе нема да игра за репрезентацијата“, вели Урош Брегар, селекторот на Србија.