Некогашната желба на Металург ќе паузира од ракометот

Иако неговиот тим Лудвигсхафен објави дека ќе ја заврши кариерата, сепак голманот Матеј Ашанин, планира само пауза од ракометот.

29-годишниот хрватски чувар на мрежата, кој своевремено беше желба на Металург во времето на Червар, потврди дека поради проблемите со грбот, нема да игра одредено време.

Тој имаше договор до 2025 година со германскиот клуб, но предвреме ќе ја прекине сорботката и ќе замине во друга средина.

Ашанин настапуваше и за репрезентацијата на Хрватска, а на ЕП 2020 беше херој во полуфиналето против Норвешка, кога „коцкестите“ го совладаа ривалот по продолженија.