Некогашен ракометар на Вардар стана тренер на женски тим од Словенија

Поранешниот ракометар на Вардар, Марко Добрковиќ, успешно гради тренерска кариера во Словенија.

Црногорското десно крило, кое во Скопје играше во сезоната 2005/06, во новата сезона ќе биде тренер на третопласираниот женски тим во Словенија – Целеја Жалец.

Претходната сезона Добрковиќ го водеше тимот на Рудар Трбовље, а сега ќе се проба и во женскиот ракомет.

Тој пред Вардар играше за Морнар Бар, Ловќен и Црвена Ѕвезда, а по заминувањето од Скопје седум години играше во грчките Панелиниос и Филипос Верија.