Некогашен пелистерец стана тренер на женска екипа во Австрија

Поранешниот ракометар на Пелистер, Марио Маретиќ, кој во сезона 2011/12 го носеше дресот на клубот од Битола, по завршувањето на својата кариера ќе остане во ракометот, но како тренер.

Ракометарот од Хрватска ќе биде нов тренер на женската екипа на Фуксе од Австрија. Раководството на овој клуб оцени дека Маретиќ е најсоодветен за тренерската функција.

Моментално, Маретиќ настапува во машкиот тим на Фуксе, а в петок ќе го одигра својот последен натпревар во својата играчка кариера.

Маретиќ како играч, освен за македонскиот клуб, настапуваше и за екипите на Динамо Минск, Сплит, како и за неколку клубови од Австрија и Германија.