Некогашен македонски селектор ќе биде координатор на младинските категории во Еурофарм Пелистер

Поранешниот селектор на македонската ракометната репрезентација и поранешен тренер на Пелистер, Стевче Стефановски е именуван за координатор на сите младински категории во РК Еурофарм Пелистер.

Прославениот чувар на мрежата ќе биде и дел од Одборот на директори на Еурофарм Пелистер.

Во младинските категории на битолскиот клуб следната сезона ќе има дури шест екипи (две пионерски, две кадетски и две младински), па Стефановски ќе има многу работа.

Стефановски освен селекторската работа во Македонија, беше тренер на Пелистер, Младост Богданци, Тутунски Комбина Бренд, а работеше и во Катар.