Неизвесност на Преспа-Борец, нијанси одлучија за победникот

Составот на Борец останува на дното во Групата 2 во Првата машка лига со само три бода откако претрпе нов пораз овој пат на гостувањето на Преспа. Тимот од Ресен славеше со 21:19 и на тој начин се доближи до позициите кои водат во плеј-оф иако ќе биде тешко да се направи чекор плус со оглед на тоа што има уште две кола до крајот на овој дел од сезоната.

Во текот на целата средба беше неизвесно, а решаваше еден до два удари. Во нив Преспа имаше подобро концентрирани ракометари кои успеаја да бидат доволно подобри за да дојдат до бодовите.

Желбата на велешани да се изборат за нешто повеќе на овој меч, сепак, не донесе резултат, па на крајот бодовите им припаднаа на ракометарите на Преспа.

ПРЕСПА – БОРЕЦ            21:19 (12:11)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 50. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ПРЕСПА: Ставревски, Котевски, Божиновски 3, Милошевски, Арсовски, Ѓорѓиевски 4, Ивановски 2, Шабединовски 4, Јошевски 2, Шиклески 2, Стефановски, Тунтевски 4.

Седмерци: 1/5, Исклучувања: 12 мин.

БОРЕЦ: Д. Крстевски, Мартинов, Митревски, Димов 1, Митушев, Мазнев 2, Димевски, Чаушевски, Г. Крстевски 1, Стојанов 5, Андоновски 1, Јордановски 6, Гугуталиев, Сиљанов 3, Ристевски.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.