Недановски: Домашниот шампионат го сфаќаме сериозно, Вардар секогаш оди на освојување на титули!

Македонскиот шампион Вардар денес во салата при ОУ „Круме Кепески“, во Кисела Вода, ги започна подготовките за новата сезона, во која ќе има голем предизвик да ја одбрани дуплата круна на домашна сцена.

Во новата сезона Вардар ќе биде предводен од Владо Недановски, кој со своите избраници нема да играат во Лигата на шампионите поради исклучувањето од страна на ЕХФ, но новиот тренер на „црвено-црните“ истакна дека во македонското првенство ќе играат како да настапуваат во Лигата на шампионите, односно сериозно ќе влегуваат на секој натпревар.

,,Ќе се однесуваме исто како да играме во Лигата на шампионите. Ние сериозно го сфаќаме македонското првенство. Амбициите на Вардар секогаш се познати – освојување на титулите и ќе се обидеме да го вратиме клубот во Лигата на шампионите. Вардар во моментов има одличен тим на играчи, спој на искуство и младост. Голем дел од играчите кои го понесоа товарот минатата сезона останаа во Вардар, а тоа нас ни беше и најважно, да останат македонските играчи и поискусните и успеавме во тоа”, изјави Недановски.

 

 

 

Од тимот кој ја освои шампионската титула во домашниот шампионат, како и Куп трофејот во минатата сезона, си заминаа браќата близнаци Кевин и Оливие Њокас, Тимур Дибиров, Патрик Валчак, Жереми Тото, Стефан Крстевски, Костадин Петров, Бакари Диало…

Вардар од Кисела Вода тргна по одбрана на дуплата круна (ФОТО)