Неготинци почнаа со тренинзи пред стартот на новата сезона

Ракометарите на Вардар Неготино ги започнаа подготовките за новата сезона во суперлигашката конкуренција.

Тренинзите оваа недела ги одработуваа играчите што се од Неготино, додека од следната недела најавено е дека ќе се приклучат ракометарите од другите градови.

Како ќе изгледа играчкиот кадар и стручниот штаб на неготинци претстојната сезона ќе дознаеме многу скоро.

Минатата сезона неготинци се изборија за суперлигашки статус по триумфот во бараж средбата со Драчево.

Вардар Неготино е во група Б со шампионот Еурофарм Пелистер, Вардар, Пролет, Бутел Скопје, Прилеп, Голден Арт и Мулти Есенс.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!