Неверојатен пресврт: Го победи Ковид 19 и ќе патува во Токио (ФОТО)

Репрезентативката на Шпанија, Кармен Мартин го победи времето и ќе може да патува на Олимписките игри во Токио кои ќе стартуваат за неколку денови откако позитивно ги реши сите компликации со Ковид 19.

Мартин беше двапати позитивна на Ковид 19, а тоа значеше дека нема да може да патува со нејзините соиграчки во Јапонија. Таа остана во Шпанија и мораше да добие два негативни тестови за влез на територијата на Јапонија, но истите да бидат направени во рок од 48 часа.

Денес, искусната репрезентативка на Шпанија доби зелено светло откако и на вториот тест излезе негативна. Веднаш по добивањето на среќната вест, Кармен Мартин објави фотографија на социјалните мрежи со наслов – Токио, не можеш да се ослободиш од мене, и се заблагодари на огромната поддршка од шпанската јавност.

Шпанија на Олимписките игри во Токио својот прв натпревар ќе го одигра против репрезентацијата на Шведска. Освен Шведска, нејзини противници се и репрезентациите на Франција, Бразил, Унгарија и Русија.