Неагу: Размислувам да паузирам со настапите за репрезентацијата…

Женската репрезентација на Македонија утре ќе се соочи со Романија во првиот бараж натпревар за место на Мундијалот во Шпанија.

Најдобрата романска репрезентативка Кристина Неагу ќе му биде на располагање на селекторот Ади Василе, иако најавува дека во блиска иднина би можела да паузира со настапите за националниот тим.

„По загубените квалификации за ОИ, размислував дека можеме е време за пауза од настапите за националниот тим. Не станува збор за репрезентативна пензија, но можеби ќе решам да направам пауза. Настапите за Романија се чест за мене. Кога играм за нациоаналниот тим, се чувствувам прекрасно на теренот“, вели Неагу за „ГСП“.

Првиот натпревар меѓу Романија и Македонија се игра утре во Букурешт, со почеток во 17:00 часот.