Неагу испрати порака: Здравјето е најважно сега, се гледаме наскоро! (ФОТО)

Лидерот на ЧСМ Букурешт и на репрезентацијата на Романија, Кристина Неагу испрати порака преку социјалните мрежи и изрази надеж дека наскоро ќе продолжат натпреварите низ Европа кои се суспендирани заради корона вирусот.

Денеска ракометната федерација на Романија според примерот на најголемиот дел од европските федерации ги откажа натпреварите на својата територија.

„Сите натпревари се одложени заради корона вирусот. Јас ќе бидам дома. Ќе ми бидат потребни неколку дена да се одморам и да се опоравам. Здравјето е најважната работа сега. Луѓе внимавајте на себе, почитувјате ги правилата и не одете на фреквентни места. Се надевам дека ќе се видиме наскоро“, напиша Неагу на Фејсбук.