На 29 август три македонски екипи на меѓународна сцена

Првиот официјален натпревар на македонска екипа оваа сезона ќе се одигра на 28 август.

Тимот на Бутел Скопје ќе гостува на унгарскиот Ѓенѓеш во првиот натпревар од првото квалификациско коло од Лигата на Европа со почеток од 19:00 часот.

Следниот ден, на 29 август, дури три екипи ќе бидат активни на меѓународна сцена. Бутел Скопје од 18:00 часот ќе го игра реваншот против Ѓенѓеш на теренот на унгарскиот тим.

Потоа во вечерните термини, ќе има двојна програма во Скопје.

Од 19:00 часот Металург во Автокоманда ќе ја пречека екипата на Спачва Винковци во првиот дуел од првото квалификациско коло на Лигата на Европа, додека од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, Вардар ќе игра против Нексе Нашице во реванш четвртфиналето од регионалната СЕХА лига.