На следните Олимписки игри ќе се игра ракомет пред 25.000 гледачи

Доколку за три години се нормализира животот низ целиот свт тогаш на Олимписките игри во Париз натпреварите од ракометниот турнир би можеле да забележат рекорди бидејќи планот е да се игра на фудбалски терен.

Капацитетот за ракометните натпревари би бил над 25.000 гледачи што би претставувала огромна посетеност особено ако се знае дека и двете селекции на Франција ќе ја бранат круната на овие игри. Инаку, капацитетот на стадионот во Лил е над 50.000 гледачи, но за ракометните натпревари бројката нормално ќе биде помала, но во секој случај голема.

Олимписките игри во Париз доаѓаат за три години, а нема да биде ништо чудно што некои натпревари ќе се играат во друг град бидејќи таква беше ситуацијата и во Јапонија каде што одредени спортови се играа надвор од Токио.