На Охрид му нема рамен – преку Пролет до девет од девет!

Ракометарите на Охрид ја продолжија победничката низа во Суперлигата откако на домашен терен славеа триумф над Пролет со 24-19. Иако по израмнетото прво полувреме се очекуваше многу понеизвесна завршица, сепак не беше така и бодовите останаа дома.

Избраниците на Раде Стојановиќ во првото полувреме беа најчесто во предност од еден или два гола, но секогаш гостите се враќа во игра и израмнуваа. Голманите Даниловски и Ангелов имаа солидни партии во првиот дел и на пауза се замина со реми, 11-11.

Во второто полувреме Пролет вторпат поведе со гол разлика, 11-12, а по 12-13, домашните казнија неколку грешки на гостите за 15-13. Охриѓани беа во налет, Даниловски одлично бранеше, па неговите соиграчи стигнаа до највисоки плус четири, 19-15.

Пролет се бореше, но само во неколку наврати стигна до минус два и немаше сили за комплетен камбек во натпреварот. Охриѓани искусно го приведоа мечот до крајот за конечни 24-19 и девет победи на девет натпревари.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Тот со седум и Кривокапиќ со шест голови, а голманот Даниловски имаше 13 интервенции. Кај Пролет се истакна Палевски со шест погодоци.

1 декември 2020
24 - 19
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
1 декември 2020 18:07 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 01.12.2020 60'

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1124Победа
ПРОЛЕТ1119Пораз

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
Крсте Андоновскилево крило01
Николче Ристескилево крило00
Михаил Иваноскидесен бек00
Јагош Брауновиќголман00
Игор Чагаљпивот04
Филип Кривокапиќцентрален бек06
Иван Тасескипивот12
Христијан Димитриескипивот00
Мартин Манасковлев бек02
Мартин Ивановскицентрален бек00
Бобан Блажескидесно крило01
Наум Костовдесно крило00
Борче Соколовцентрален бек01
Никола Даниловскиголман00
Денис Тотдесен бек07
Филип Николовдесен бек00
 Вкупно 124

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Бојан Јовановскилево крило00
1Кристијан Кристоголман00
4Михаил Аларовпивот01
5Илија Мелоскицентрален бек00
7Кристијан Давитковскидесен бек00
10Стефан Доневпивот00
13Мартин Димовдесно крило01
15Ласко Андоновскицентрален бек11
16Никола Кизиќголман00
18Иван Џоновлев бек11
19Доне Мајновдесен бек03
21Марио Гичевцентрален бек00
22Александар Василевскилев бек03
26Петар Ангеловголман00
71Давор Палевскилево крило06
99Жарко Пејовиќцентрален бек13
 Вкупно 319

Officials

Судии:Делегат:
ЌАЕВ ГЛИГОР
ЌАЕВ СПАСКО
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115