На Мундијалот ќе носат 20 членови на стручен штаб, а само 16 ракометарки!

Селекторот на атуелниот светски вицепрвак Норвешка, кој ќе биде дел од претстојниот Мундијал во Јапонија – Торир Хергеирсон, го објави конечниот список на ракометарки што ќе патуваат на СП.

Иако беше најавено дека членката на идеалниот тим на седум европски и светски натпреварувања, Хајди Локе, ќе го пропушти шампионатот сепак таа ќе игра за репрезентацијата.

Поради повреда, во споредба со минатото СП во 2017 година, во националниот тим ќе ги нема Лунде, Гримсбо, Кристијансен, Мерк и Куртовиќ.

Норвешка веројатно ќе го сруши рекордот како репрезентација со најголем стручен штаб, бидејќи на Мундијалот во Јапонија ќе има дури 20 членови!

Покрај селекторот тука се неговите асистенти, физиотерапевти, масети, лекари, психолози, видео аналитичари, медиа менаџери, статистичари и легендата Марит Бревик како директор на националниот тим.