На Мундијалот во Македонија ќе може да играат само вакцинирани ракометарки

Интернационалната ракометна федерација на својот официјален веб сајт ги објави ажурираните протоколи за Ковид и кои услови треба да ги исполнат екипите и ракометар(к)ите да играат на натпреварите кои се под ИХФ.

Со оглед на тоа што ситуацијата со Ковид во светот постојано се менува, ИХФ донесе одлука сите кои што ќе играат на натпреварите во ракомет и ракомет на плажа, играчите, членовите на делегациите треба да имаат сертификат за вакцина или за прележан Ковид.

Следни настани што ИХФ ќе ги организира се младинските СП во машка и женска конкуренција во ракомет на плажа, како и женските кадетско и младинско СП во Македонија и Словенија и Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија.

Пред да патуваат на натпреварите сите членови на делегациите мора да имаат негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа. За време на настаните кои се играат во повеќе денови тестирањата ќе бидат редовини.

Исто така на натпеварите ќе им биде дозволено да настапат на ракометари кои се целосно вакинирани или биле болни во последните шест месеци. Вакцинациајта е дозволено да биде изввршена со било која од вакцините, а призната ќе биде и руската вакцина.