На Мундијалот во Египет со поголем ростер, со 20 играчи место досегашните 16?

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон има интересен предлог до Светската ракометна федерација поради околностите во кои ќе се најдат репрезентациите кои се дел од Мундијалот следната година во Египет.

Германците на Светското првенство не би требало да имаат проблеми во првата фаза бидејќи за противник ги добија селекциите на Унгарија, Уругвај и Зеленотрски острови. Сепак, селекторот смета дека во подоцнежниот дел може да има замор кај ракометарите.

„Прелиминарната рунда нема да биде така тешка како што би бил остатокот од турнирот. Екстремниот стрес од напорната сезона носи уште еден проблем. играчите имаат премногу натпревари во кратко време. морам да внимавам да не тренираме погрешно. со оглед на обемот на работа би било убаво доколку биде дозволено бројот на ракометари да се прошири од 16 на 20“, вели Гисласон.

Исланѓанецот дојде на местото на Прокоп после лошиот резултат на последното Европско првенство, па ќе има тешка задача на следниот Мундијал.