На Елверум му нема рамен во Норвешка – ја освои 10 титула по ред!

Ракометарите на Елверум се шампиони на Норвешка откако во финалната серија беа подобри од Арендал со 3:1 во плеј-офот, а последната трета победа ја остварија на гостински терен со 28:34. Ова беше десетта титула по ред за Елверум, откако ја прекина низата на Хаслум во 2010/11 година.

На претходниот меч во плеј-офот Елверум имаше можност пред своите гледачи да ог потврди трофејот, но Арендал ги изненади и обезбеди четвртти натпревар. Сепак Елверум потврди дека е подобар тим и со сигурен триумф слави титула на теренот на противникот.

Уште од почеток на дуелот Елверум имаше предност, после десет минути игра беше 4:8, а до крајна првиот дел ја сочуваа и на паузата имаа 14:17. И во продолжението со сигурна игра и целосна контрола само ја потврдија победата вредна титула.

Најефикасен во тимот на Елверум беше Грондал со осум гола, додека по пет погодоци постигнаа Јохансон, Лангас и Петерсен. Најрасположен во тимот на Арендал беше Борм со седум гола.