НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Кире Лазаров ја освои единствената титула во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

По долги години чекање, на денешен ден во 2015 година, капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, во својата колекција трофеи го додаде оној што му фалеше – од Лигата на шампионите.

Во финалето на завршниот турнир во Келн, Барселона го совлада тимот на Веспрем со убедливи 28-23, а Лазаров се повреди на стартот и мораше надвор поради повреда.

Тоа беше осма титула за каталонскиот гигант во најелитното натпреварување, а прва за нашиот десен бек.

Лазаров доби место во идеалниот тим заедно со Миклер, Томас, Генсхајмер, Сулик, Хансен и Карабатиќ.