На Абало му се погоди во Јапонија, продолжува уште една сезона

Францускиот ветеран Лук Абало, и во наредната сезона ќе ги брани боите на јапонскиот тим Токио Тристарс.

Трикратниот олимписки шампион ја активираше опцијата во договорот за плус уште еднна сезона во Јапонија, пишува „Л’Екип“.

37-годишното десно крило во оваа екипа се пресели во ноември минатата година, откако настапуваше за норвешкиот Елверум.

„Сакам да останам, да му помогнам на клубот да освои титула во шампионатот“, вели Абало.

Оваа сезона Токио Тристарс беше елиминиран во полуфиналето на плеј-офот.