НАЈ НАЈ НАЈ… Трансфер: Карачиќ и Циндриќ во главна улога

Поранешните вардарци и колеги при освојувањето на првата круна во 2017 година, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ во 2019 година се на делба на првото место кога е во прашање трансферот на сезоната. Многу е тешко на некој од овие двајца одлични ракометари да им се даде предност.

Игор Карачиќ после речиси една деценија во редовите на Вардар ја смени средината и ги напушти „црвено-црните“ во потрага по нов предизвик. Добивајќи несекојдневна можност да ги крене пехарите од СЕХА и Лигата на шампионите, Карачиќ си замина како шампион од Вардар и во Келце однесе шампионски менталитет.

Лука Циндриќ, пак, после една сезона во Келце ја смени средината и се упати кон Барселона каде што исто како во времето кога беше во Вардар има забележителни настапи. Игра одлично и е лидер на Барселона во оваа сезона во која доминира во групата каде што е и екипата на ПСЖ.

Оттаму екипите на Келце и Барселона завршија одлична работа и направија добри трансфери.