Најдоброто од 4. коло во Лигата на шампионите на едно место (ЛИНК)

Комплетирањето на натпреварите од 4. коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција донесе и интересен пресек на најдобрите моменти.

Во категориите најдобра седумка, најдобри одбрани и најдобри голови, сепак, нема ракометари на Вардар и на Еурофарм Работник иако погодокот кој беше дело на Никола Митревски и Бојан Маџовски заслужи да се најде високо во Топ 5. Исто така и некоја од одбраните на Митревски.

Сепак, тоа не е причина за да се види најдоброто во Лигата на шампионите во 4. коло.

Оттаму најдобрите седум ракометари ќе можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Најдобрите пет одбрани во колото на овој ЛИНК, додека петте најдобри погодоци во 4. коло се на следниот ЛИНК.