Најдобриот суперлигашки стрелец потпиша за Младост Богданци

Левиот бек Митко Караиванов во продолжение од сезоната ќе биде дел од тимот на Младост Богданци. Најдобриот суперлигашки стрелец (96 голови) се враќа дома откако минатата година и пол настапуваше за струмички Астраион.

Со доаѓањето на Караиванов, како и со претходно ангажираниот лев бек Лошаков, Младост сега ја обезбеди левата бековска позиција, а тука се и Митко Стоилов, како и Молдавецот Лупашко, па сигурно на ниеден тим нема да му биде лесно на гостувањето во Богданци, каде своевремено паѓаа и најголемите.

Како голем талент од Богданци, во 2007 година Караиванов се пресели во Вардар со кој играше и во Лигат на шампионите, а беше дел и од МРК Вардар. По три години во Скопје замина во битолски Пелистер, а потоа го имаше првото интернационално искуство во грчкиот Диомидис Аргус.

По камбекот во Македонија ги носеше дресовите на Зомимак Струмица, Охрид, Еурофарм Работник и Младост, пред да се пресели во струмички Астраион.