Најдобриот Русин излезе од карантин, Французите повикаа нов ракометар

Најдобриот стрелец на Русија, Сергеј Марк Косоротов, по негативниот тест излезе од изолација и доколку на утрешното тестирање има повторно таков резултат, ќе биде во ростерот за следните два меча.

Селекторот Велимир Петковиќ покрај Косоротов, за дуелите со Германија и Полска, ќе може да смета и на голманот Андреј Верешјагин.

Франција остана без главниот дефанзивец Карл Конан, но во Унгарија веќе допатува нов ракометар.

Станува збор за членот на ПСЖ, Матје Гребиј, кој ќе се обиде да го надомести отсуството на Конан. Франција нема пораз на четири меча и останува да одигра уште против Данска, Исланд и Црна Гора.