Најдобрата ракометарка на сите времиња остана заробена во Тузла, но им се најде на родителите!

Легендарната ракометарка Светлана Цеца Китиќ веќе два месеци е во босанскиот град Тузла, а таму им помага на родителите во време кога продолжува борбата со коронавирусот.

Китиќ, која од ИХФ во 2010 година беше прогласена за најдобра ракометарка на сите времиња, во февруари пристигнала во посета кај родителите, но поради затворените граници не може да се врати во Белград.

„Мајка ми има 78, а татко ми 84 години. Потребна им е помош, посебно во ова лошо време за постарите личности. Засега сум овде, имам и други роднини и пријатели во Тузла, но во контакт сме телефонски“, изјави Китиќ за босанските медиуми.

Своите најголеми успеси Китиќ ги оствари во РадничкиБелград, освои три европски круни, а има и трофеј во Купот на победниците на Куповите. Со репрезентацијата на Југославија освои злато од Олимписките Игри во 1984 година во Лос Анџелес.