Најавите конечно се остварија, левото крило на Загреб оди кај Парондо

Ракометарот на ППД Загреб и репрезентативец на Хрватска, Давид Мандиќ од следната сезона ќе настапува за тимот на Мелзунген каде што тренер е Роберто Парондо.

Мандиќ ќе биде освежување за позицијата лево крило каде што треба да биде замена за Михаел Алендорф кој има 35 години.

Давид Мандиќ има 24 години, а во Загреб е од 2018 година каде дојде од редовите на Извиѓач. Инаку, тој беше поврзуван со тимот на Мелзунген уште на крајот од минатата сезона, но тогаш не дојде до трансфер, па истиот се пролонгираше за една година.

Договорот со Мелзунген му е до крајот на сезоната 2024/25 така што ќе има доволно време во три сезони да ги покаже своите квалитети.