Наумовски даде 14 гола, Металург РА триумфално кај Шампион

Тимот на Металург РА, предводен од Дамјан Наумовски со 14 гола, славеше на гостувањето кај Шампион со 41-36 во натпревар од 6 коло во прволигашкиот плеј-оф.

Избраниците на Мери Арсениевска поведоа на стартот со 9-3, но домаќинот не се откажуваше и израмни на 9-9. До паузата се играше најчесто гол за гол до 19-19.

На стартот на вториот дел Металург РА одново се одлепи на плус четири, 23-19, но повторно следуваше камбек на Шампион кој намали на минус еден, 24-23.

Кога требаше да на го направат клучниот чекор домаќините почнаа да грешат во нападот, тоа го искористи Металург РА, стигна до 28-23 и до крајот не го испушти водството.

Наумовски беше најдобар стрелец кај победникот со 14 гола, додека уште десет додаде Филип Георгиевски. Кај Шампион се истакна Илија Пејковски со десет.