Направи трансфер на кариерата, па заработи повреда

Репрезентативецот на Хрватска и ракометар на Целје, Јосип Шарац во натпреварот против ПСЖ во рамките од осминафиналните елиминации во Лигата на шампионите заработи тешка повреда.

Хрватот на почетокот на месец март потпиша двегодишен договор со бундеслигашот Гепинген и направи голем чекор во неговата кариера.

Левиот бек на Целје мораше да го напушти теренот поради повреда на коленото од десната нога, но од таборот на словенечкиот шампион се уште немаат известување за јавноста за состојбата на Шарац и за тоа колку ќе отсуствува од терените.

Најверојатно, младиот ракометар нема да може да ја заврши сезоната во дресот на Целје, а неговото враќање се очекува наредната сезона во неговиот нов клуб, Гепинген.

Шарац во Целје пристигна во 2018 година и со одличните настапи прикажани во екипата од Словенија го заработи и статусот на репрезентативец на Хрватска.