Нант на Кире конечно на ниво, го испрати Алборг со полна мрежа

Екипата на Нант стигна до убедлива победа на дуелот против Алборг откако на свој терен славеше со 38:29.

Ракометарите на Нант имаа одлична вечер, а играч на натпреварот е голманот Емил Нилсен кој ја заврши средбата со 17 одбрани. Тој блескаше на голот во текот на целата средба така што успеа да запре голем број на удари на противничките ракометари.

Добрата игра на Нант од стартот беше најава дека на овој дуел ќе биде забележана победа, а уште на полувреме се гледаше дека нема да има големи проблеми и дека Нант ќе биде ефикасен бидејќи на одмор резултатот беше 18:14.

Како што одминуваше времето така предноста стануваше поголема, па на крајот победната беше и повеќе од заслужена. Најефикасни во победата беа Ривера и Мине со по седум гола, додека по четири имаа Овничек, Њокас и Балагер. Лазаров постигна еден гол од три удари, а погодокот беше уште во отворањето на средбата за водство од 2:0.

Прв стрелец на Алборг беше Себастијан Алборг со седум гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140