Нант врза три победи, го совлада и Саран

Составот на Нант обезбеди победа на гостувањето кај Саран откако дојде до 30:28 што беше доволно за трет триумф и нови бодови со кои сега се држи второто место на табелата во шампионатот на Франција.

Кирил Лазаров на овој дуел имаше три погодоци со кои беше меѓу поефикасните во редовите на Нант. Тој имаше три од три од игра и еден нереализиран удар од линијата од седум метри.

На овој дуел најефикаен беше Валеро Ривера со седум гола, а повеќе од Лазаров имаа и Драган Пешмалбек (6) и Тибо Брио (5).

Ова беше петта победа за тимот на Нант сезонава, а во моментов има исто бодови како и Екс ан Прованс. Сепак, Нант има и натпревар повеќе. Има средба повеќе и три бода помалку од лидерот ПСЖ.