Наместо за Струга, босанскиот „Кристопанс“ потпиша за Радовиш!

Тимот на Радовиш во новата сезона ќе смета на услугите на босанскиот интернационалец Дино Мехиќ. Десниот бек лани требаше да дојде во Струга, но поради проблеми со документите остана во Слобода Тузла.

Стружани беа пред потпис со него и ова лето, тој се појави и на Струшкиот турнир, но двете страни не потпишаа договор. 21-годишниот Мехиќ, има одлични физички предиспозиции (207/87) и босанските медиуми го споредуваат со Даинис Кристопанс.

Мехиќ ќе биде замената за српскиот интернационалец Милиш Лојаничиќ, кој од Радовиш замина за Црвена Ѕвезда.

Досега Радовиш ги донесе и голманот Александар Мицев и кружниот напаѓач Томче Трајчевски. Од клубот заминаа Али Кобеиси, Милош Лојаничиќ, Петар Ачимовиќ, Ристе Чапов и Ивица Илиев, а договорите ги продолжија Кристијан Ристов, Зоран Стојановски, Спасе Ѓорѓиев, Филип Трајанов, Александар Долдуров, Ангелче Органџиев, Здравко Постолов и Александар Марков.