Наместо во Охрид, Вардар и Еурофарм Пелистер на Супер куп пресметка во Скопје

Натпреварот од Супер купот, меѓу шампионот Вардар и финалистот на Купот, Еурофарм Пелистер, ќе се одигра во Скопје на 11 август

Иако имаше опција домаќин да биде СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, поради зафатеноста на СЦ „Борис Трајковски“, сепак тоа нема да се случи.

СЦ „Борис Трајковски“ нема да биде повеќе центар за вакцинација, ќе биде слободна, па ќе може да се користи за спортски натпревари.

Досега се одиграни три Супер Куп дуели, а сите титули ги освоија најтрофејниот клуб Вардар. Во првиот ваков натпревар, Вардар во 2017 го победи Еурофарм Работник со 30-25, во 2018 славеше над Металург со 33-24, а во 2019 беше подобар од истиот ривал со 26-24.