Награда за Мешков Брест од Форумот на ракометни клубови

Шампионот на Белорусија кој е противник на Еурофарм Пелистер во четврт-финалето од СЕХА лигата, Мешков Брест доби признание од страна на Форумот на ракометни клубови.

Наградата е во категоријата „Работа со навивачите за време на падемија“ од проектот „Спроведување на клупски маркетинг активности преку Интернет, како да ги заинтересирате навивачите и да ја зголемите нивната лојалност кон клубот“.

Поради пандемијата со коронавирусот клубот ги имаше откажано сите традиционални настани со присуство на навивачи, а некои од нив ги одржа преку Интернет. Место традиционалниот тренинг пред почеток на сезоната имаше стрим на Инстаграм. Пред натпреварите навивачите можеа да погледнат во соблекувалната, да го запознаат составот за натпреварот… и многу други активности.

Фановите на клубот активно го поддржаа овој начин на комуникација што му донесе поени на кубот.

Форумот на ракометните клубови е организација која ги застапува интересите на клубовите пред ЕХФ и ИХФ, но и пред Европската унија. Вклучува екипи кои учествуваат во европските натпреварувања и победници од националните шампионати.