Навивачите на Вардар слават 33. роденден! (ФОТО)

На денот кога се навршија три години од првата европска титула на Вардар, навивачите на „црвено-црниот“ тим имаат дополнителна причина за радост.

„Комити“ денеска го прославуваат 33. роденден и по тој повод се огласија на социјалните мрежи.

„Покрај црвено црните бои и Вардар како најголем спортски бренд, репрезент на Македонија во рамките на силната Југословенска лига, поривот за заедничко здружување и особено изборот на името – КОМИТИ, кажува многу, кажува која е доминантната сила, дека зад него стои Македонскиот народ кој во тоа време како и другите Народи на бившата држава доживува национално будење. Вардар е клуб за кој навиваат сите Македонци, од цела Југославија но и од дијаспората. Преку настапите и победите на Вардар, се будеше и сеуште се одржува Македонскиот идентитет, а кое име може да го обедини тоа национално ткиво повеќе од името Комити? Тоа е утврдено и препознаено уште пред 33 години!“