Му нема рамен: Митревски е „главен“ во Лигата на шампионите втора недела по ред! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски втора недела по ред ја има најдобрата одбрана на колото во Лигата на шампионите.

Тој со Порто успеа да одигра реми на гостувањето во Скопје кај Вардар, 25-25 и имаше одлична партија со 11 интервенции.

Двојната одбрана против поранешниот соиграч од Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ беше прогласена за најдобра на колото од медиа тимот на ЕХФ.

Митревски се најде во друштво на Пешиќ, Ивиќ, Ландин и Бергеруд.

ТОП 5 одбраните можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.