Муса: Дојдовме да ја добиеме секоја средба и сега е време за златото!

Хрватска обезбеди натпревар за златен медал во недела со победата над Норвешка од 29:28, а стрелецот на победничкиот гол во 80. минута од натпреварот Жељко Муса ги сподели впечатоците.

„Мислам дека целиот тим го заслужи ова и навивачите кои не трпеа 80 минути. Ова е ракомет за тоа се живее. Тоа е спорт. Во 2017 година немавме среќа кога загубивме во полуфинале со Норвешка. Работата се исплати и ова е неописливо. Во минутите од продолженијата бевме смирени. Моравме да ја преземеме одговорноста и да бидеме храбри до крај. Имаме медал со пласманот во финалето. Сепак, дојдовме да ја добиеме секоја средба и сега е време за злато. Секоја чест за Домагој Дувњак кој е херој. Играше во грч преден во одбрана на 5-1, а потоа во напад“, изјави Жељко Муса.

Противник на Хрватска во финалето ќе биде победникот од натпреварот Шпанија – Словенија. Борбата за злато е закажана за во недела од 16:30 часот, а судии на овој натпревар ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.