Мурговска и Тун обезбедија осминафинале во Купот на Швајцарија

Тимот на Ротвајс Тун, каде што настапува македонската интернационалка Викторија Мурговска, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Швајцарија.

Ротвајс Тун беше убедлив на гостувањето кај Арбон и славеше со 35-11, a победникот беше решен уште по првиот дел кога Тун водеше со 15-7.

Македонската интернационалка беше меѓу најдобрите стрелци и даде три гола од четири обии, а имаше и две исклучувања.

Тун претходно беше елиминиран од Купот на ЕХФ, а во првенството се наоѓа на четвртото место по три одиграни кола.