Мукаетов: Македонската јавност да покаже колку го сака ракометот

Македонија заедно со Црна Гора и Словенија од денеска се домаќини на Европското првенство во женска конкуренција.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов се надева дека македонските репрезентативки ќе имаат голема поддршка од трибините.

„Многу чЕсто досега бев навивач или претставник на фдерацијата на големмимте натпреварувања. Првпат сме во позиција ЕП да го донесеме тука, во Скопје, во Македонија. Тоа е огромна чест, благодарност до ЕХФ за одлуката и мора да се покажеме во вистинско светсло. Благодарност до целата јавност, до вработените во РФМ, АМС, до медиумите, кои заедно со нас работат на организацијата на нешто што ќе се памети. Македонската јавност да ја покаже својата поддршка кон ракометарките, да покаже колку го сака спортот и ракометот, да покажеме дека може да се носиме на сите полиња, и организациски и спортски“, изјави Мукаетов.

Избраничките на Љубомир Савевски утре со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го играат натпреварот против Франција.