Мркиќ броеше до 11, Паламано Мало со нова победа

Тимот на Паламано Мало, каде што настапува македонската интернационалка Савица Мркиќ, ја забележа втората победа во италијанскиот шампионат.

По првиот триумф на домашен терен, Мркиќ и колешките победија на незгодното гостување кај Ариосто Ферара со 29-30.

Домаќинките имаа плус три на полувреме, 17-14, но во вториот дел следуваше комплетен пресврт најмногу по заслуга на Мркиќ.

Левиот бек постигнаа дури 11 погодоци на овој натпревар и му донесе втора победа на нејзиниот тим. Во следното коло Мало игра дома против Лено.