Моќната Барса се намачи, можеше да остане без победа кај Бенидорм!

Европскиот првак Барселона одигра реми кај Порто во Лигата на шампионите, а слична можеше да биде ситуацијата и на денешниот меч од Асобал лигата.

Иако без неколку ракометари во ростерот – Циндриќ и Ричардсон, Барса едвај победи на гости кај Бенидорм со еден гол разлика, 25-26.

На полувремето беше плус три за домаќините, 15-12, но Барса во вториот дел полека се врати во игра и стигна до плус три, 22-25.

Бенидорм израмни на 25-25, пред во последната минута Мем да погоди за 25-26. Домашните имаа напад за реми, но се сплеткаа и бодовите заминаа за Барса.

Мем беше најдобар стрелец со 13 гола, односно половина од головите на Барса, а очигледно е дека со Ортега на клупата европскиот шампион се уште не е на нивото кое се очекува.