Мотор Запорожје ја продолжи доминацијата, деветти пат по ред е шампион на Украина

Ракометарите на Мотор Запорожје повторно ја освоија шампионската титула во украинскиот шампионат деветти пат по ред.

Тие во полуфиналната серија беа два пати подобри од Ракометна Академија Запорожје со 43-12 и 47-22.

Последната серија на натпревари, односно финалната серија нема да се одигра бидејќи разликата помеѓу лидерот на табелата, Мотор и второпласираната екипа, Донбас, надмина над седум поени разлика.

Второто место, односно сребрениот медал го освои Донбас, екипа која успеа да го победи Мотор во регуларниот дел од домашниот шампионат.

Екипата на Одеса го освои третото место и обезбеди учество во Европските купови следната сезона.