Мотор Запорожје со победа завери билет за Ф4 во Задар

Ракометарите на Мотор Запорожје и на реваншот го совладаа тимот на Татран Прешов овој пат со 29:19 и на тој начин им се придружија на Веспрем и Мешков Брест меѓу учесниците на завршниот турнир во СЕХА лигата во Задар.

За разлика од вчерашниот дуел денеска средбата имаше израмнето прво полувреме и првите 30 минути завршија со нерешени 12:12. Меѓутоа сето она што во првиот дел не им успеваше во вториот функционираше, па Мотор имаше доминантни 30 минути.

Со обезбедувањето на плус десет во втората средба ова беше убедлив пласман на Ф4 бидејќи вчерашните 27:22 беа и повеќе од доволни за да се обезбеди пласман меѓу најдобрите четири во сезоната во регионалното натпреварување.

Кравченко, Донцов и Бокан имаа по четири гола, додека голманите Мороз и Комок имаа заедно 12 интервенции. Колодети собра 11 одбрани кај Татран, додека Томас Речицар со шест гола беше прв стрелец во тимот и на средбата.

Веќе е познато дека в петок тимот на Мотор Запорожје ќе игра против составот на Веспрем во првото полуфинале, додека Мешков Брест го очекува подобриот од дуелот меѓу Вардар и ППД Загреб во втората пресметка.