Мотор Запорожје славеше важна победа над Мешков Брест

Екипата на Мотор Запорожје славеше против Мешков Брест со 32:30 во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во првото полувреме се водеше израмнета борба, но ракометарите на Мотор Запорожје предводени од Горига и Денисов во финишот стигнаа до водство од три разлика, 15:12.

Во второто полувреме, Мешков Брест имаше шанси да се врати целосно во игра кога заостануваше само на еден гол разлика, такви обиди имаше во три наврати, но секогаш недостигаше последниот чекор.

Во клучните минути, Мотор Запорожје успеа да се одбрани и да оствари важна победа пред реваншот во Белорусија следната недела.

Најефикасен во составот на Мотор Запорожје беше Аиденас Малашинскас со седум гола. Во гостинскиот состав се истакна Баранов Максим со девет гола од десет удари.