Мотор Запорожје се засили со белоруски тинејџер

Украинскиот шампион Мотор Запорожје донесе уште едно засилување пред стартот на новата сезона.

Станува збор за левиот бек Андреј Климовец, кој до минатата сезона беше дел од белорускиот тим Гомел.

Договорот е потпишан на три години, а доколку двете страни бидат задоволни има можност за продолжување на уште една.

Климовец, кој се уште нема полни 18 години, е син на некогашниот белоруски репрезентативец Владимир Климовец, и роднина на Андреј Климовец, поранешен репрезентативец на Белорусија и Германија.