Мотор Запорожје добива големо засилување, потпиша хрватски репрезентативец

Според информациите кои ги пренесува „Брз Центар“, екипата на Мотор Запорожје ќе добие големо засилување на позицијата десен бек. Хрватскиот интернационалец Лука Шебетиќ ќе биде нов играч на украинскиот тим.

Хрватот кој има 26 години од следната сезона Франција ќе ја замени со Украина бидејќи потпиша договор со Мотор Запорожје на две години, кој ќе започне да важи од претстојното лето.

Лука Шебетиќ во стојата кариера настапуваше за Загреб до 2017 година кога замина во Франција во составот на Трембле. Десниот бек со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзен медал на Европското првенство во Полска.

Украинскиот тим со овој трансфер потврдува дека и понатаму работи на подобрување на квалитетот на ростерот и остварување на поставените цели и највисоки дострели. Претходно беше договорен и литванскиот лев бек од Монпелје, Јонас Тручановичиус.