Мотор владее во Украина – го освои и Купот

Екипата на Мотор Запорожје не дозволи изненадување во финалето од Купот на Украина и го освои пехарот по добиената битка против Донбас со резултат 27:24.

Мотор и пред одигрувањето на финалето беше фаворит, но се чекаше само формална потврда. За ракометарите на Мотор Запорожје ова беше седма освоена титула по ред во нивната клупска историја во Купот.

Индивидуалните награди им припаднаа на домаќините, па така за најдобар играч на финалниот натпревар беше избран Борис Пуховски, а за најкорисен играч на завршниот турнир беше избран литванскиот интернационалец во редовите на Мотор, Аиденас Малашинскас.

Пред неколку недели, Мотор ја освои и титулата во домашниот шампионат и со освоената титула во Купот успешно ги заврши зацртаните цели на домашен план.