Моралес го одби ПСЖ за да остане во Вардар!

Десниот бек Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар и ќе игра во „црвено-црниот“ дрес и следната сезона. Кубанскиот интернационалец стана миленик на публиката и важен дел во тимот, и со своите игри го потврди квалитетот што го поседува.

Со настапите во Европа го привлече вниманието на големите клубови низ Европа, особено во Франција, каде настапуваше пред Вардар. Големиот ПСЖ и Раул доставија понуди за Моралес, но кубанскиот десен бек ја одби и реши да остане во Македонија. ПСЖ останува само со Кристопанс, со оглед на заминувањето на Ремили и тешката повреда на новакот што треба да дојде, Доминик Мате, бараше солуција на десната бековска позиција, но потрагата во Македонија заврши неуспешно.

Леворакиот бек Моралес имаше одлични партии во дресот на македонскиот првак и освојувачот на двојната круна. Особено во клучните моменти и во натпревари кои беа од особено значење за тимот. Со неговите продорни влезови и прецизни шутеви на многу натпревари Вардар ја покажа играчката надмоќ, а подеднакво одлично играше и во одбрана.

Моралес и во иднина ќе ги „кине“ ривалските мрежи, не само во домашното првенство туку и во Лигата на шампионите. Сезонава Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот.