Монпелје нема победа дома против Вардар, „црвено-црните“ трипати се радувале

Ракометарите на Вардар денеска гостуваат кај составот на Монпелје кој е лидер во Групата А од Лигата на шампионите, а податоците од минатото велат дека Вардар знае како треба да игра на гостувањето кај овој тим.

На досегашните четири дуели на кои Вардар играл како гост кај Монпелје успевал трипати да победи и еднаш да одигра нерешено.

Иако сега ситуацијата е поинаква, сепак, бројките од минатото говорат дека Вардар знае како треба на гостувањето кај Монпелје и денеска од 18:45 часот сигурно ќе има што да покаже.

Секако ова е податок кој вели дека домашните ќе бидат максимално сериозни и ќе биде многу возбудливо во текот на натпреварот.

ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ НА ТЕРЕНОТ НА МОНПЕЛЈЕ

19 ОКТОМВРИ 2014

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР   34:34

20 СЕПТЕМВРИ 2015

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР   25:30

15 СЕПТЕМВРИ 2018

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР   24:27

14 СЕПТЕМВРИ 2019

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР   31:33