Монпелје во проблеми, сè поголем бројот на заразени со коронавирус!

Проблемите со коронавирусот за францускиот тим Монпелје продолжуваат и понатаму, регистрирани се нови случаи на заразени ракометари.

Минатата недела имаше неколку случаи на позитивни ракометари на Ковид-19 во Монепелје што беше причина за одложување на неколку натпревари. Еден од нив беше и дуелот од Лигата на Европа против ЦСКА Москва.

Резултатите од последното тестирање на екипата беа разочарувачки и застрашувачки. Во екипата има нови 11 позитивни случаи, од нив девет се ракометари од првиот тим, еден е член на стручниот штаб и еден челен на младинскиот тим. Сите се ставени во изолација седум дена пред да бидат повторно тестирани.

Раководството на клубот веднаш се обрати до ЕХФ и француската ракометна федерација и побара одложување на наредните натпревари. Барањето на Монпелје е да се одложат дуелите со Магдебург во Лигата на Европа и со Сент Рафаел во домашното првенство.