Моника Јанеска останува во Турција, но има нов клуб

Македонската интернационалка Моника Јанеска на стартот на новата сезона го смени клубот, но ќе остане во турскиот шампионат.

Јанеска е како дома во Турција бидејќи досега настапуваше за многу екипи, и ова ќе и биде седма година.

Бекот, кој има искуство и во унгарската лига во дресот на Мошонмаѓаровар, во новата сезона ќе го носи дресот на Коњалти од Анталија.

Станува збор за нов клуб во елитното турско друштво и со ангажманот на нашата ракометарка посакува борба за место во европските купови.